Контролата на храната од 1 јануари 2011 г. под ингеренции на Агенција за безбедност на храната

Bez autora
Nov 24 2010

Агенција за безбедност на храната од 1 јануари 2011 година ќе ги преземе ингеренциите од секторите здравство и земјоделство при контролата на храната. Според Дејан Рунтевски, директор на Управата за ветеринарство, Агенцијата ќе има контрола врз целокупната храна во земјава, со исклучок на примарното земјоделско производство. Половина од вработените или околу 140 луѓе од Дирекцијата за храна и Ветеринарната управа, ќе бидат инспектори. Контролата на храната е ефикасна и сега, но од идната година ќе биде уште подобра. И досега јадевме, но и понатаму ќе јадеме безбедна храна. Системот за контрола не се воспоставува еднаш засекогаш, напротив, постојано се надоградува. Агенцијата ќе функционира самостојно, првично со буџет од неполни 500 милиони денари, но генерално ќе биде под надлежност на Министерството за земјоделство.

Контролата на храната од 1 јануари 2011 г. под ингеренции на Агенција за безбедност на хранатаАгенција за безбедност на храната од 1 јануари 2011 година ќе ги преземе ингеренциите од секторите здравство и земјоделство при контролата на храната.

Според Дејан Рунтевски, директор на Управата за ветеринарство, Агенцијата ќе има контрола врз целокупната храна во земјава, со исклучок на примарното земјоделско производство. Половина од вработените или околу 140 луѓе од Дирекцијата за храна и Ветеринарната управа, ќе бидат инспектори.

- Контролата на храната е ефикасна и сега, но од идната година ќе биде уште подобра. И досега јадевме, но и понатаму ќе јадеме безбедна храна. Системот за контрола не се воспоставува еднаш засекогаш, напротив, постојано се надоградува - вели Рунтевски во изјава за МИА.

Агенцијата ќе функционира самостојно, првично со буџет од неполни 500 милиони денари, но генерално ќе биде под надлежност на Министерството за земјоделство.

- Финансирањето ќе биде проблем зашто Агенцијата ќе располага со средства од буџетите на Управата и Дирекцијата кои се многу ниски - вели Рунтевски.

Концептот за едно самостојно тело да ја контролира храната се туркаше три години. Ваков систем постои во многу земји посебно во оние слични по големина со Македонија.

- Балтичките земји, Латвија, Литванија и Естонија, веќе имаат ваков систем, Косово го воведе пред пет години, го воспостави и Бугарија, Словенците го имааа, а се работи и во Албанија. Единствена разлика е во модалитетите, дали Агенцијата е во рамки на Министерствиото за земјоделство или е независна - објаснува Рунтевски.

Кон системот за контрола во следните две години ќе преминат уште две институции, Фитосанитарната управа и Управата за семе и саден материјал.

Агенцијата за безбедност на храна произлезе од најновите законски измени што моментно се во собраниска процедура, а треба да бидат донесени кон средината на идниот месец. Идната година Македонија, во согласност со препораките од Брисел, ќе изготви и повеќегодишен национален план за мониторинг и контрола на храната.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik